Додека во Белград тече првиот ден од саемот за вино и храна во рамки на Отворен Балкан, во Скопје опозицијата обвинува дека Владата троши по 100 000 евра на ден за овој настан и притоа забранува користење на „Македонија“ и „македонско“.
Дека се потпишани договори кои тежат речиси 400 000 евра за услуги поврзани со активностите на саемот во Белград и за организација на еднодневен фестивал кај нас говорат и документите што може да се пронајдат на системот за е-набавки. На социјалните мрежи изминатите денови може да се забележат повеќе реклами за вина и традиционална реклама во кои може да се слушне дека се споменува зборот „македонски“.
Владата среде криза дала 400 илјади евра за промоција на саемот за вино и храна во Белград и бара во рекламите и промоцијата да не се споменува „Македонија“ и „македонско“.
Со вакви обвинувања денеска излезе опозициската ВМРО-ДПМНЕ во пресрет на саемот „Винската визија на Отворен Балкан“ кој од денеска до 4 септември се одржува во српската престолнина под покровителство на трите држави кои се дел од иницијативата: Северна Македонија, Србија и Албанија.