Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска изјави дека очекува Израел да се приклучи на санкциите против Русија и да и пружи практична помош на Украина во борбата против руската агресија, пренесува Укринформ.
„Првиот телефонски разговор го имав со новиот премиер на Израел, Јаир Лапид. Сметам на неговата земја да се приклучи на санкциите против Русија и да ни обезбеди практична поддршка во борбата против агресијата на Руската Федерација“ напиша Зеленски на Твитер.
Лапид е на чело на израелската Влада од 1 јули.