Макрон: Мора да се подготвиме за долготрајна војна

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека ќе го продолжи дијалогот со Русија за да помогне да се спречи ескалацијата на украинскиот конфликт.

Макрон претходно беше критикуван од Украина и од источноевропските сојузници за, како што велат, двосмислената поддршка за Киев од руската инвазија на соседната земја и за неговите чести дијалози со рускиот претседател Владимир Путин.

– Мора да се подготвиме за долга војна – му порача Макрон на својот дипломатски кор, поставувајќи ги своите надворешнополитички цели.

Тој рече дека Франција ќе продолжи да му помага на Киев економски, воено и со хуманитарна помош, но предупреди дека еден од клучните предизвици ќе биде обезбедувањето на европското единство во лицето на Русија.

– Европското единство е од клучно значење бидејќи поделбите се една од клучните руски воени цели – рече тој.

Макрон инсистира дека разговорите со Москва се императив за да се избегне ескалација на конфликтот и на крајот да помогне да се воспостават одредби за мир преку преговори, за кој може да одлучи само Украина.

„Франција ќе продолжи да разговара со Русија. Кој сака Турција да биде единствената сила во светот што продолжува да разговара со Русија?“, рече францускиот лидер, според Ројтерс.