Нови 169 ковид позитивни, еден пациент починал

Според податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа во земјава биле направени 746 тестови, а регистрирани 169 нови случаи на ковид-19.

Од нив повеќе од половината се од Скопје – 93, потоа следува Битола со 12 нови случаи, а во останатите градови во кои има Центри за јавно здравје, бројките се 7 нови случаи – Куманово – или пониски.

Од вкупниот број позитивни (169), регистрирани се 55 реинфекции, соопшти Министерството за здравство.

Бројката на оздравени пациенти во изминатите 24 часа е 242, а во наведениот временски период нема пријавени починати лица. Но, согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин регистрирано е едно 64-годишно лице од Струга што починало во неделата во болнички услови.

Досега во земјава се направени вкупно 2.151.894 тестирања за ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 340.510, бројот на оздравени пациенти е 329.434, на починати е 9.490, а бројот на активни случаи изнесува 1.586.