Леонардо „си фати“ Украинка, 25 години помлада од него
Познатиот холивудски актер Леонардо ди Каприо (48) по прекинот на 4-годишната врска со манекенката Камила Мороне, наводно веќе пронашол нова љубов.
„Дејли Мејл“ пишува дека тој „нашол утеха“ во Украината Марија Берегова која е цели 25 години помлада од него.
Берегова (23), според информациите, пораснала во Швајцарија, учела во приватен интернат, а моментно живее во Лондон, каде што студира за да може да ја преземе семејната фармацевтска компанија.
Според информациите, таа се развела од сопругот Ахмед Масуд Абделафид кој има модна империја во Монако и е внук на министерот за внатрешни работи – лојален слуга на Гадафи.
Не е познато кога се случил разводот со нејзиниот сопруг, односно дали е договорен и дали има спогодба меѓу нив, но се верува дека бракот завршил во Монако, каде што живеел парот.