Равил Маганов (67), шеф на бордот на директори на „Лукоил“ починал откако паднал од прозорец во болница во Москва, јавува телевизискиот канал „РЕН“.
Менаџерот на нафтената компанија се лекувал во Централната клиничка болница во Москва, во одделот сместен на шестиот кат.
Извор за „Интерфакс“ изјавил:„Утрово Маганов падна од прозорецот на Централната клиничка болница. Почина од повредите“.
Засега нема потврда дали се работи за самоубиство или несреќен случај.
Во 1980-тите Маганов работел во „Лангепаснефтегаз“, кој потоа станал дел од „Лукоил“, основан во 1991 година.
Маганов е автор на името на компанијата „Лукоил“, а од 1993 година е член на одборот на директори на компанијата.