Украинскиот претседател – Володимир Зеленски повторно имаше средба со водачите на армијата, тајните служби, полицијата.
„Ќе кажам само едно: сакам да им се заблагодарам, во име на нашата разузнавачка служба, на сите наши луѓе кои силно нè поддржуваат на југот од земјата, особено на Крим“ рече украинскиот претседател во своето обраќање до јавноста.
Како што додаде, „разузнавачката служба е благодарна на дојавите и максимално ќе ги искористи“.
Медиумите истакнуваат дека во првите 6 месеци војна со Русија, украинскиот претседател ретко зборуваше за советувањата со военото раководство. Последен пат за таков состанок тој извести во неделата, а потоа во понеделникот започнаа засилените украински напади во јужниот регион Херсон што е под руска окупација.