„Мислам дека кога станува збор за борбата против корупцијата, мора да се гледа на целото општество и целиот приод на владата. Секој дел од структурата е одговорен за борбата против корупцијата и да се обезбеди дека тукашните институции се отпорни за да можат да ја потистнат корупцијата кога ќе ја видат или да не остават отворен простор за таа да го исполни“.
Ова во интервју за тв Телма го вели американската амбасадорка во земјава, Кејт Мери Брнз. Според неа, институциите самите не можат да се реформираат.
„Потребни се поединци, потребна е политичка храброст, потребна е волја за да се направат тие промени. Мислам дека политичкото лидерство ги разбира овие прашања, секако ако ги слушнат испитувањата на јавното мислењеи граѓаните, разбираат дека за граѓаните ова е најголемиот предизвик, но не е доволно едноставно да се донесе закон или усвои едно решение или програма. Мора да се пристапи кон ова од сите агли. Токму затоа, претседателот Бајден ја издови оваа тема како дел од националната безбедносна стратегија и се посвети не само на борбата против корупцијата во нашата земја, туку и преку партнерство со земјите, сојузниците и партнерите за кои длабоко се грижиме, да им помогнеме и на нив, изјави таа.
Американската амбасадорка за случајот со суспензијата на обвинителката Вилма Русковска, за тоа што таа упати писмо и до неа и до другите дипломати пред да биде суспендирана, амбасадорката е децидна дека не коментира посебни случаи, а судскиот систем мора да биде независен од политички влијанија.
„Не можам да зборувам за конкретни случаи, како што секако разбирате. Но ќе кажам, како некој што го претставува вашиот партнер, кога станува збор за напорите за владеењето на правото и бидејќи нашата земја инвестираше во тукашното владеење на правото, дека како прашање на принцип ние веруваме дека секој случај и истрага треба да се пресудува врз основа на конкретните докази за тој случај и истрагата. Не би сакала да прејудицирам. Но, мислам дека е значајно да повторам дека како прашање на принцип, правосудниот сектор треба да биде независен од секој политичко или надворешно влијание. Да биде слободен од такво влијание и тоа го бараат и граѓаните кога зборуваат за еднаквост на сите и фер процес и правда за сите“ вели таа.