„СДСМ и Ковачевски немаат доволно пратеници за уставни измени и затоа не сакаат да ја постават на дневен ред во Собранието точката за отпочнување на процесот. Тоа е веќе јасно. Свесни се дека ако се постави и одбие, тогаш следниот чекор се предвремени парламентарни избори. А СДСМ и Ковачевски бегаат од избори и соочување со народот како ѓавол од темјан. Рејтингот на Ковачевски е во рамки на статистичка грешка, а рејтингот на СДСМ е во слободен пат и тие тоа го знаат“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата соопштуваат дека „СДСМ и Ковачевски бегаат и се кријат, манипулирајќи и одложувајќи ги процесите само за да добијат некој ден повеќе на власт“.
„Е тој ден повеќе на власт го користат за криминални тендери, коруптивни зделки, лично богатење и грабеж на народните пари. Оваа власт нема никакви европски вредности, ниту пак принципи, туку се поврзани само со лични криминогени интереси. Оваа мала група криминалци ја држи во заложништво и СДСМ и Владата, но за жал ја држи во заложништво Македонија. Во интерес на државата е што поскоро на предвремени избори овие луѓе да бидат поразени и тргнати од политичката сцена. Тие може ќе бегаат, ќе се кријат, ќе манипулираат, ќе оддолжуваат, но народната казна ќе ги стаса“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.