Украина се подготвува за руски ракетен напад врз главниот град Киев на Денот на независноста, кој се слави на 24. август. Ова го соопшти советникот на украинскиот претседател Алексеј Арестович.
Сепак, тоа нема да ја промени воената ситуација, рече тој, но тоа ќе биде акција насочена кон убиство на што е можно повеќе цивили.
Арестович рече дека Украина исто така може да им се одмазди на Русите на тој ден и потсети на серијата неодамнешни експлозии на Крим, кој беше анектиран од Русија во 2014 година.
„Во случај на напад таму, тоа само ќе се влоши за нив“ – рече тој.
Украина ниту ја потврди ниту негираше својата вмешаност во серијата неодамнешни експлозии на Крим, додека Русија тврди дека тие биле резултат на саботажа.