Гутереш и Ердоган на средба со Зеленски во Украина

Антонио Гутереш – генералниот секретар на ОН денеска ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски и со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Лавов, град во западна Украина

Тројцата лидери ќе разговараат за неодамнешниот договор за извоз на украинско жито, но и за „потребата од политичко решение на конфликтот“, најави портпаролот на ОН, Стефан Дужарик.

Зеленски вчера рече дека Гутереш „веќе пристигнал во Украина. Работиме заедно за да ги постигнеме потребните резултати за Украина“.

Генералниот секретар треба да разговара и со Зеленски на посебна средба. Потоа в петок треба да отпатува за Одеса, едно од трите пристаништа наменети за извоз на жито според постигнатиот договор, по што ќе ја посети Турција, особено Заедничкиот координативен центар (ЦКЦ) кој го надгледува договорот.