Салма ал Шехаб (34) е осудена на 34 години затвор од судот во Саудиска Арабија поради користење на Твитер.
Ал-Шехаб кој е мајка на две мали деца студирала на британскиот универзитет Лидс. Таа е уапсена и осудена откако се вратила дома од Велика Британија, пишува Гардијан.
Овој случај претставува најнов пример на кампањата против корисниците на Твитер, започната од престолонаследникот Мохамед бин Салман, кој истовремено преку саудискиот фонд Паблик инвестмент поседува повеќе од 5% од акциите на Твитер.
Салма ал Шехаб првично била осудена на три години затвор поради користењето на Твитер за „поттикнување јавни немири и дестабилизирање на граѓанската и националната безбедност“. Откако јавниот обвинител побара од судот да разгледа и други наводни кривични дела, судот изрече нова казна – 34 години затвор.
Salma al-Shehab, 34-year-old Saudi women's rights activist, PhD candidate @UniversityLeeds and mother of two young children has been sentenced to 34 years in prison followed by a 34 year travel ban.
HER CRIME: Using @Twitter #SaudiArabia pic.twitter.com/pCKqI1QOBS— Dr. Nina Ansary (@drninaansary) August 17, 2022
Новите обвиненија вклучуваат тврдење дека Шехаб „им помагала на оние кои сакаат да предизвикаат јавни немири и да ја дестабилизираат цивилната и националната безбедност следејќи ги нивните профили на Твитер“ споделувајќи ги нивните објави.
Нејзиниот Твитер профил има 2.597 следбеници. Покрај објавите за пандемијата и фотографиите од нејзините деца, Шехаб понекогаш ги ретвитувала објавите на саудиските дисиденти кои живеат во егзил, кои повикуваат на ослободување на политички затвореници.