Кина почнува воена вежба во Жолтото Море

Од денеска Кина за почнува воени вежби во Жолтото Море, јави ТАСС, повикувајќи се на соопштение од Управата за поморска безбедност на НРК

Во кусото соопштение се наведува дека поморските маневри ќе завршат во 17 часот по локално време на 19 август. На веб-страницата на Управата се напишани координатите на зоните на вежбите во кои е забранет влез на пловни објекти.

Не е прецизирано каква жива сила и техника се користи.

Четиридневни маневри на Кина во Јужното Кинеско Море траат од вчера. Според кинеската телевизија, тие вежбаат противвоздушна одбрана и напади од брод кон цели во морето.

Од почетокот на август, вооружените сили на Кина спроведоа серија воени вежби долж својот брег, вклучително и во Тајванскиот теснец.