Инфектологот проф. д-р Дарко Ножиќ предупредува дека е можно да се спојат коронавирусот и вирусот Западен Нил бидејќи имаат слична клиничка слика.
Посочи дека во Србија се зголемува бројот на заболени од двата вируса, а во последните 24 часа е потврдено само 5.896 лица заболени од корона вирусот, додека 14 лица починале како последица на вирусот.
Вирусот на Западен Нил е регистриран во 34 случаи, од кои 11 имале сериозна клиничка слика, додека тројца починале.
„Болеста е предизвикана од убод од комарец, јасна е превенцијата. Треба да направите се што можете за да го избегнете тој убод. Во просториите треба да има мрежи. Препознавањето на болеста е неспецифично бидејќи ги има истите симптоми како и грипот. Неопходно е да се даде крв за да се утврди дали се работи за западнонилска треска. 80 проценти се асимптоматски, 20 проценти имаат симптоми на грип и многу мал број луѓе имаат тешка клиничка слика. Можно е коронавирусот и вирусот Западен Нил да коегзистираат, вирусите коегзистираат и имаат слична клиничка слика. Корона има повеќе респираторни симптоми, додека Западен Нил нема. Можат да се здружат, тоа би било многу лоша комбинација – изјави Ножиќ.