Автопатот Тракија кај Бургас денеска е повторно затворен поради нов инцидент, објави „Бгнес“.
Инцидентот се случил попладнево, а групата патувала за Аитос. На лице место се две противпожарни екипи кои го гасат пожарот.
Според информациите, пожарот започнал од моторот на автобусот. Нема информации за повредени лица. Сообраќајот се пренасочува по заобиколните правци, за сообраќај е отворена само најлевата лента во правец на Софија.
Автобусот е сопственост на општински превозник, а во возилото имало 50 лица. На лице место се излезени две противпожарни екипи кои го гаснат пожарот, а засега нема информации за повредени лица.