Директорот на Фајзер, Бурла позитивен на Ковид-19

Главниот извршен директор на компанијата Фајзер, Алберт Бурла денеска информираше дека е позитивен на Ковид-19 и оти има многу благи симптоми.

Шеесетгодишниот Бурла појасни дека почнал терапија со употреба на компанискиот лек против Ковид-19, Пакловид. Како што тој додаде, согласно мерките на претпазливост за јавно здравје, се наоѓа во изолација.

Бурла е уверен дека ќе закрепне за брзо време.

Тој примил четири дози вакцина развиена од Фајзер и германскиот партнер Бионтек.

Изминатите месеци неколку американски јавни личности беа позитивни на коронавирусот, вклучувајќи го претседателот на САД, Џо Бајден, како и неговиот главен медицински советник, доктор Ентони Фаучи.