На 78 години вчера почина проф. д-р Димитар Бајалџиев, долгогодишен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“-Скопје, на Катедрата за воведни и теоретски правни науки.
– Со неговата смрт загубивме драг и почитуван колега, доајен од областа на вовед во правото и автор на бројни научни и стручни трудови, успешен интелектуалец, извонреден предавач, одличен педагог, посветен наставник и особено ценет пријател, објави Правниот факултет на Фејсбук.
Проф. д-р Димитар Бајалџиев (1944-2022) беше и министер за образование и наука од септември 1992 до декември 1994 година, поранешен декан на Правниот факултет и член на Деканатската управа.