Ереван: 5 загинати и 60 повредени во експлозијата во трговскиот центар

Пет жртви има по вчерашната експлозија во трговскиот центар во ерменскиот главен град Ереван. Спасувачите пронајдоа уште две тела во урнатините на една од зградите, соопшти ерменското Министерство за вонредни состојби.

Според последните податоци, во експлозијата се повредени 60 лица, а 17 лица се уште се водат како исчезнати.

Засега нема официјални информации за причините за експлозијата.

Она што е познато е дека во текот на вчерашниот ден дошло до експлозија во трговскиот центар Сурмалу, по што објектот бил зафатен од силен пожар. Цел еден дел од комплексот е уништен. Пламенот предизвикал и експлозија во магацин во кој се чувал пиротехнички материјал.