Бегај во прва официјална посета на една држава како претседател на Албанија

Бајрам Бегај – претседателот на Албанија денеска ќе престојува во Косово, на покана на неговата косовска колешка, Вјоса Османи, што ќе биде негова прва официјална посета на една држава по преземањето на функцијата на чело на Албанија на 24 јули годинава.

Османи го поканила нејзиниот хомолог да го посети Косово, по повод почетокот на неговиот мандат како претседател на Албанија.

Според агендата, Бегај претпладнево ќе биде пречекан од Османи со високи државни почести на плоштадот, по што двајцата претседатели ќе имаат билатерална средба, а потоа ќе дадат изјави за медиумите.

Најавено е дека за време на престојот во Приштина Бегај ќе се сретне и со претседателот на Собранието на Косово, Глаук Коњуфца и со премиерот Албин Курти.