Најмалку едно лице загина, а 20 се повредени при силна експлозија на голем пазар во главниот град на Ерменија на 14 август. Експлозијата предизвикала пожар, а многу луѓе се заробени под урнатините.
Најмалку 11 лица се хоспитализирани, изјави за ерменската служба на РСЕ ,Тагухи Степанијан, директор на службата за брза помош. Тој додаде дека бројката на жртви може да се зголеми.
Пожарникарите се на терен и се борат со пожарот, соопшти Министерството за вонредни ситуации.
Засега не се знае што ја предизвикало експлозијата. На видеото објавено на социјалните мрежи се гледа црн чад што се издига од пазарот во Сурмалу, голем комплекс во кој се продаваат огномети и други пиротехнички средства.