Пахор: Србија е под голем притисок да спроведе санкции против Русија

„Србија е под голем притисок да ги спроведе санкциите на западниот блок и ЕУ против Русија, но процесот на нејзино членство во ЕУ продолжува“ изјави претседателот на Словенија, Борут Пахор во Анкара.

Тој се залага за забрзување на процесот на пристапување на земјите од Западен Балкан во Европската Унија и од почеток го поддржува дијалогот меѓу Белград и Приштина, кој во моментов не постои.

Пахор во интервју за агенцијата „Анадолија“ рече дека придава значење на членството во ЕУ за да покаже на чија страна се сите земји, вклучително и Србија.

„Ако Србија одлучи да заземе друга страна, иднината на Република Српска во Босна и Херцеговина може да добие поинаков моментум“ – предупреди Пахор.

Тој посочи дека сака што поскоро да ги види сите земји од Западен Балкан во ЕУ.