Шредер го тужи Бундестагот поради кратење на неговите буџетски средства

Герхард Шредер (78) – екс германскиот канцелар го тужи Бундестагот барајќи враќање на делумно одземените привилегии, пренесува „Tagesschau.de“.

Шредер бара повторно да му биде доделена функцијата на „стар“ канцелар односно да има своја канцеларија. Ова го потврди неговиот адвокат – Михаел Нагел.

Адвокатската канцеларија во соопштението наведе дека одлуката на Комисијата за буџет на Бундестагот да му ги скрати средствата на Шредер за опремување на неговата канцеларија во Бундестагот е незаконски.

Претходно, арбитражниот одбор на СПД ги отфрли петициите за исклучување на Шредер од партијата. 17 регионални здруженија на фракцијата поведоа регулаторна постапка против поранешниот канцелар на Германија.