Цената на бензинот во САД падна под 4 долари за галон

Просечната цена на бензинот во САД денеска падна под 4 долари за галон, за првпат после повеќе од пет месеци. Ова е добра вест за потрошувачите во земјата, соочени со зголемени цена на низа стоки и услуги.

Американската автомобилска асоцијација (ААА) објави дека просечната цена на галон обичен безоловен бензин денеска е 3,99 долари (1 галон е 3,8 литри).

Во јуни, цената на бензинот во САД достигна рекордно ниво од 5,02 долари.

Апликацијата за купување GasBuddy објави дека просечната цена на безоловен бензин во земјата вчера паднала на 3,98 долари.

Намалените цени се поволни за Администрацијата на Џо Бајден и демократите во Конгресот, а во предвечерие на средноречните избори во ноември. Белата куќа направи неколку интервенции за запирање на покачувањето на цената на нафтата по инвазијата на Русија во Украина, како испуштање на огромни количини нафта од стратешките резерви во оптек.

Во еден момент суровата нафта, основен фактор што ја одредува цената на бензинот, се продаваша за 139 долари за барел. Вчера таа се продаваше за 92 долари.

Референтната американска лесна сурова нафта неодамна падна на близу 90 долари за барел од над 120 долари во јуни.

Цената не бензинот во САД не е насекаде под 4 долари. Возачите во Калифорнија и Хаваи сè уште плаќаат повеќе од 5 долари, а трошоците за гас во другите западни држави се блиску до таа сума. Бензинот е најевтин во Тексас и некои други држави во јужниот дел на САД и Среден Запад.

Пред една година, просечната цена на бензинот во земјата беше 3,20 долари за галон.