Мигрант од Сирија е суспектен на мајмунски сипаници, хоспитализиран е на Инфективна

Мигрант од Сирија од вчера е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести бидејќи е суспектен на мајмунските сипаници, пишува Фактор.мк.

Според нивните информации, тој е во добра општа состојба и е задржан за подетални испитувања. Се очекуваат резултати од тестот кои би потврдиле евентуална зараза со овој вид сипаници.

„Пациентот е донесен во Клиниката за инфективни болести од Кавадарци со возило на Итната медицинска помош. Бил болен 9 дена, суспектен е на сипаниците бидејќи има осип на кожата. Станува збор за млад човек, мигрант од Сирија кој на нашата клиника е задржан за да се направат сите потребни иследувања. Напрацаен е и тест за мајмунски сипаници и ги очекуваме резултатите“ изјавиле за Фактор.мк од Клиниката за инфективни болести.

Од вчера суспектен на мајмунски сипаници е и 43-годишник од Кичево, за кого се уште нема информации во врска со анализите и евентуално дали има конкретен резултат кој би потврдил евентуална зараза.