Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави денеска дека Приштина ја користи ситуацијата во Украина за да води кампања против Србија.
Тој смета дека Приштина е таа што сака да го напаѓа северот на Косово и Метохија, и подготвува ликвидација на српскиот народ, под превезот на борбата против криминалот, поради што ги предупреди да не го прават тоа.
За изјавата на Албин Курти дека Белград води агресивна политика, заедно со обвинувањата дека Белград може да предизвика конфликт, Вучиќ рече дека тоа е малку смешно.
Вучиќ нагласи дека Приштина сака да ја прикрие својата намера, но всушност сака да каже дека сака да го нападне северот на Косово.
„Тие подготвуваат ликвидација на нашиот народ на север. Тоа го кажувам отворено. И ги предупредувам да не го прават тоа, под превезот на борба против криминалот. Не убивајте луѓе. Ние не сакаме да убиеме никого. Ние треба мир и стабилност“ – рече Вучиќ.
Тој потсети дека се зборувало дека Србија ќе води војна и во БиХ, што, се разбира, се покажало како неточно.
„Го лажеа народот, постојано… Се обидуваат да ја искористат ситуацијата во Украина за да покренат кампања против Србија. Тоа го прават веќе 170 дена и ќе продолжат да го прават тоа“, рече Вучиќ.