Борел: Поддршката за Украина има своја цена

„Европејците мора да бидат подготвени да ја платат цената за поддршката на Украина и зачувувањето на единството“.

Ова во интервју за „Паис“ го изјави шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел.

„Сите воени конфликти завршуваат со преговори. Тоа што воено и помагаме на Украина не значи дека не правиме се што е можно за преговори“ – рече Борел.

Тој додаде дека Европејците треба да бидат подготвени да се соочат со конфликт кој ќе трае долго во потрага по политички решенија. Борел смета дека јужноевропските земји не треба да покажат недостиг на солидарност со северот на енергетски план.

„Шпанија може многу, бидејќи има една третина од целиот европски капацитет за природен гас. Шпанија може да стане порта кон Европа за гас што ќе биде алтернатива на рускиот гас“ – рече тој.