Во Србија пристигна лек против Ковид-19

Од САД во Србија пристигна нов лек против коронавирус, објави српскиот претседател – Александар Вучиќ на Инстаграм.

„Нов лек против короната пристигна во Србија! Купен е во САД, а во Европа заедно со нас го купија само Данска, Литванија и Словенија. Животите и здравјето на луѓето немаат цена. Ги набавивме за 11.500 пациенти, а ќе има и за 50.000 пациенти. Се однесува на луѓе кои реагираат во првите пет дена од позитивноста на коронавирусот. Обично најзагрозени се гојазните, оние кои боледуваат од дијабетес и кардиоваскуларни заболувања. Лекот спасува животи, спречува огромен процент на смртни случаи“ – истакна Вучиќ.

Тој смета дека во исто време во Србија се очекуваат лекови и од Фајзер.