„Бугарија има право на вето, но шест месеци е предолг период во контекстот во кој се наоѓа регионот. Немаше потреба целиот регион да се држи во заложништво“ ова меѓудругото вчера го изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи на ТВ24. Тој посочи дека одлуките за проширување на ЕУ се носат со консензус меѓу членките, како и дека нашата позиција е принципиелна и многу земји од Унијата ја поддржуваат.
„Шест месеци е предолг период во контекст во кој се наоѓа регионот. Има многу отворени прашања. Сметам дека тој период нас не ни одговара. Треба да седнеме со Петков и да разговараме што значи тој период. Таквиот пристап требаше да биде одамна. Првата меѓувладина конференција не е ништо поразлична од останатите. Немаше потреба целиот регион да се држи во заложништво. Во оваа дебата денеска немаше прашање по однос на погрешната интерпретација на историјата, туку имаше наметнување од страна на словенечкото претседателство да се одреди рок до крајот на годината. За првпат, не само 26 земји членки, туку и Бугарија не можеше да најде вина во Северна Македонија. Образложението за таквиот став, Бугарија го најде во декларацијата на Собранието“ – рече Османи.