Смртни закани за германски политичар кој поддржува вакцинирање
Во германскиот град Дрезден полицијата и специјалните сили во акција откако биле упатени смртни закани кон висок политичар кој ги поддржува вакцините против коронавирусот, соопштија тамошните власти.
Државниот премиер Михаел Кречмер во Саксонија бил мета на закани од група против вакцините.
„Изјавите на одредени членови на групата сугерираат дека тие можеби имаат вистинско оружје“ – соопштуваат од полицијата.