И во Словенија е потврден прв случај на Омикрон варијантата
Прв случај на Омикрон варијантата на коронавирусот се појави и во Словенија.
„Секвенционирањето го откри првото лице заразено со Омикрон, варијанта на вирусот што се шири побрзо и е веќе присутен во многу земји од ЕУ“ – изјави денеска премиерот Јанез Јанша.
За Словенија информациите се дека продолжува трендот на ублажување на епидемиолошката состојба во четвртиот бран на епидемијата, но предупредувањата од здравствените власти се дека не треба да се очекува олабавување на пандемиските мерки на краток рок.
Во последните 24 часа во земјата се потврдени 1.712 новозаразени лица.