Најмалку 88 загинати и 110 исчезнати по торнадата во САД

Се зголемува бројот на жртвите по серијата торнада во американската сојузна држава Кентаки.

Засега 74 луѓе во таа држава загинаа, а најмалку уште 14 лица ги загубија животите во уште Илиноис, Арканзас, Мисури и Тенеси.

Меѓу жртвите во Кентаки има и 6 деца.

Информациите се дека 110 лица се водат како исчезнати.

Спасувачките тимови се уште ги пребаруваат урнатините во областите во шест држави каде што во петокот имаше серија торнада.

Илјадници луѓе се без струја, вода и парно на екстремно ниски температури, а околу 1.000 куќи се оштетени или уништени.

Претседателот на САД – Џо Бајден нареди пари од федералниот буџет да се пренасочат за да се помогне во санирањето на штетите.