Раст на цената на гасот во Европа
Цената на гасот во Европа се искачи над 1.300 долари за илјада кубни метри. Ова се случува првпат од почетокот на октомври годинава, покажуваат податоците на лондонската берза „ИЦЕ“.
Цената на јануарскиот фјучерс во центарот ТТФ во Холандија се зголеми на 1.334 долари за илјада кубни метри, односно 114,3 евра за мегават-час.
Целокупното поскапување на гасот во Европа во однос на заклучната цена вчера изнесуваше речиси 8 отсто.