Со ветото и дополнителните барања официјална Софија се заканува да ги суспендира и волјата и жртвите од Западен Балкан за влез во Европската унија. Сепак за Северна Македонија е важно дека за јазикот е најден крупен комромис, што би можела да се примени и за испреплетеноста во историјата. Секоја од страните унилатерлано да ги интерперетира разликите околу личностите и настаните од таканаречената заедничка историја, оценува претседателот на Европската иницијатива за стабилност за порталот Трилинг.
Гералд Кнаус, кој се смета за главниот ЕУ лобист за проширување, го потврдува црното сценарио за Македонија и за сите други кандидати за членство во Унијата. Тој 2019 година по француското вето за Макеоднија предупреди дека проширувањето во оваа форма е мртво. Тој важи за човек кој има директен пристап до главните центри во државите цленки на ЕУ и точно ги познава состојбите и трендовите и во Брисел.
• Северна Македонија навистина ќе ги отвори преговорите за членство дури кога ќе го исполни условот на кој Бугарија инсистираше, а тоа е да го смени уставот. Се додека уставот не е сменет, преговорите за членство во очите на ЕУ нема навистина да се започнати. Тоа е благо кажано, нефер, и уникатно, не се случило претходно на овој начин. И тоа ме загрижува дека е ова само почетокот на многу повеќе пречки кои С.Македонија ќе мора да ги помине а со кои другите земји не мораа да се соочат. Пред се мислам дека е добро што конечно ЕУ се ангажира за С.Македонија. Тоа е добра работа, што преговорите за членство треба да започнат. Добра работа е што владата ја покажа својата волја и заложба за евроинтеграција. Но, и ова е важно „но“… Икуството од последните 10 години ни покажуваат 2 крупни проблеми: Едниот е дека земјите кои ги отворија преговорите за членство всушност не дојдоа до никаде, и тоа е точно за Црна Гора, која преговара 10 години и нема набрзо да стане членка на Унијата. Или Србија, која е заглавена. Се плашам дека ова може да се повтори. – вели Кнаус.
Вториот проблем е поврзан со она што го видовме во последниве 3 години, од 2019 г, вели Кнаус и смета дека инсистирањето на Бугарија, за кое сите во С. Македонија знаат, дека првин мора да ги смените учебниците по историја. Учењето, музеите, натписите, начинот на кој политичарите зборуваат за историјата дека сето тоа треба да се смени на патот кон членството. Тоа никогаш не се направило за ниедна земја претходно, вели Кнаус.
• И мислам дека е многу важно дека ветувањето од Претседателот на Комисијата Урсула Фон дер Лаен во парламентот во Скопје дека историјата не е делот од преговорите за членство дека за тоа се дејствувало и било многу јасно од самиот почеток, така што македонската влада мора да разјасни или повеќе ЕУ треба да разјасни, а македонската влада да инсистира на тоа, дека што и да се случи во историската комисија, која би треба да е формирана за дијалог на историчарите, нема да влијае на токот на преговорите за членство. Зашто ако дозволите да се воспостави овој принцип, тоа не само што ќе ја запре С.Македонија,тоа ќе го запре целиот Балкан. Тогаш повеќе нема да има нови членки во следните 20 години. Дозволете да кажам можеби нешто позитивно. Во врска со македонскиот јазик, мислам дека е најден многу тежок, но функционален компромис. А тоа е Бугарија да продолжи да вели дека не го признава јазикот, но тоа е унилатерално, а ЕУ да го користи македонскиот јазик во нејзините официјални документи.Тоа е добро. Како и да е, сега ни е потребно истото да биде и за историјата. Бугарија унилатерално да вели дека не се согласува со начинот на кој С.Македонија ги интерпретира разликите околу историјата, но тоа да не игра никаква улога во процесот за зачленување.
Кнаус вели дека компромисот изнајден за јазикот мора да се примени за се што е поврзано со идентитетот и тогаш ова би можело да функционира. Но, ако кај некои во Софија постои надеж дека во следните неколку години интерпретацијата на историјата која Бугарите ја учеле во последните неколку децении исто така ќе им биде предавана на младите
Македонци во училиштата многу скоро, тогаш тоа ќе доведе до толку големи фрустрации и отпор што единството кое е потребно во земјата за патот кон ЕУ членство ќе исчезне. Вели дека тоа зависи само делумно од македонската влада и го посочува примерот со Црна Гора.
• Црна Гора немаше проблеми со соседите, се досега. Сега тоа може да се смени, зашто можеби хрватската академија на науки веќе почна да размислува за поставување услови, за своите соседи, како Бугарија, но досега Црна Гора немаше проблеми со своите соседи. Преговара 10 години. Како и С.Македонија, тие се во НАТО. Има многу малцинства, нема
проблеми со правата на малцинствата. И сепак, по 10 години преговори, Црна Гора затвори само 3 од повеќе од 30-те поглавја. И причината за тоа е ЕУ, која е многу скептична
за примање нови членки. Мислам дека со обѕир на тоа што ЕУ рече дека е подготвена да го забрза зачленувањето, дека тоа е важно, германскиот канцелар го кажа тоа при неговите посети, ајде да го тестираме ова; зошто ЕУ не определува датум за Црна Гора? Да каже дека Црна Гора може да стане членка во следните 4 години? Тоа е реално, но во моментов никој не го вели ова. И затоа јас сум загрижен.
Тоа не е проблем само на С.Македонија, тоа е проблем за сите од З.Балкан, посочува Кнаус и смета дека несомнено оваа влада сака Македонија да стане нова членка и дека е спремна
да оди далеку, и го покажа тоа. Да прави компромиси, да преговара. И тоа е вистинскиот став, освен што сега исто така ви се потребни гаранции. Со цел да се постигне широк
консензус во македонското општество, дека овие преговори за членство ќе се успешни, потребни ви се два вида гаранции: едната е од Унијата, дека ветувањето на Фон дер Лајен дека историјата нема да игра никаква улога, е всушност реалност. Така, историската комисија треба да се состанува, но од неа не треба да се бара да испорача резултати, по распоред, за потоа министрите за надворешни работи да потврдат. Тоа не е работа на историските комисии никаде во светот. Второ, големиот предизвик, според него кој важи за целиот регион е да ја натера ЕУ да се заложи дека ги гледа сите 6 земји од З.Балкан навистина интегрирани во следните неколкку години.
• Моите колеги и јас излеговме со предлог, за да ја тестираме ЕУ, ако која било земја, вклучувајќи ја и С.Македонија ги исполни критериумите да влезе на единствениот пазар во текот на процесот за членство Унијата треба сега да каже дека тогаш овие земји можат, дури и пред да станат полноправни членки веќе да ги уживаат четирите слободи: тоа се слободите за луѓето, за капиталот, за услугите и стоките. Како што е случајот со Норвешка, Исланд, како Северна Ирска. Сега сум во Ирска, оттаму зборувам. Северна Ирска има огромна полза од тоа што е дел од единствениот пазар. Ветувањето на ЕУ дека овој процес на зачленување е навистина вреден за трудот и дека за, да кажеме, 4 години, С.Македонија и Македонците би можеле да ги уживаат 4-те слободи, би бил тест колку сериозно ЕУ го мисли тоа, кога вели дека сака да го забрза процесот. – завршува Кнаус.