Томислав Кежаровски, Тошо Филиповски, Аделина Марку и Марјанчо Николовски се годинашните добитници на државната награда „Мито Хаџивасилев-Јасмин“.
Филиповски наградата ја добива за своите дела во македонската рок музика. Новинарот Кежаровски ја добива наградата за остварување во областа на публицистиката, додека пак, Марку и Николовски во областа на новинарството.
Изминатите две години наградата „Јасмин“ не се доделуваше.
Наградите ќе бидат врачени на 21. декември во свечената сала на Собранието.