Банерџи: Не сум изненаден од економскиот напредок што го постигнавте во последните две децении
Поранешниот шеф на Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд во земјава Бишваџит Банерџи во интервју за МИА оценува дека земјава има постигнато значителен економски напредок во последните две децении.
– Ќе ги посочам следните податоци: БДП по глава на жител се зголеми за трипати помеѓу 2002 и 2019 година, инфлацијата е блиску до инфлацијата во еврозоната во поголемиот период од последните две децении, невработеноста се намали значително, особено од 2013 година наваму, фиксниот девизeн курс послужи како сидро на стабилноста, девизните резерви се на соодветно ниво како поддршка на стабилниот девизен курс, додека конкурентноста се оценува како адекватна. Од структурен аспект, најзабележително остварување е тоа што банкарскиот систем е добро капитализиран и профитабилен, додека учеството на нефункционалните кредити во вкупните кредитите се намалија од 15 проценти во 2005 година на 3,3 проценти во 2020 година, наведува Банерџи.
Банерџи говори и за тоа дека во пост-пандемичното и пост-украинско опкружување, далеку од веројатно е дека нарушените синџири за снабдување ќе се вратат на начинот на функционирање од периодот пред пандемијата, додавајќи дека е можно да дојде до продлабочување на регионалната трговска интеграција, за сметка на намалувањето на глобалната интеграција.