Министерот за надворешни работи Бујар Османи попладнево го презентира потпишаниот Протокол со Бугарија
„Сите обврски се на реципрочна основа и подеднакво важат и за Македонија и за Бугарија“ рече предмалку на брифинг со новинарите во МНР министерот за надворешни работи Бујар Османи, откако денеска го потпиша билатералниот протокол со бугарската колешка Теодора Генчовска.
„Протоколот што го потпишавме во својата правна суштина е записник, во кој има дневен ред, по теми и точки се наведени мерките, договорите и проектите што треба да се реализираат, како и присутните на состанокот“ – рече на почетокот министерот Османи.
Тој нотираше повеќе прашања, од зелените програми, транспорт и железница, млади и спорт, соработка во туризмот, одбраната, здравството и слично нагласувајќи дека е тоа првата точка.
Потоа тој ја спомена втората точка во која се групирани историските прашања, односно преку поддршка и охрабрување на Мешовитата историска комисија за нотирање на историски факти од науката кон определени прашања и етапи од историјата, рече Османи.
Во рок од две години треба да се преземат мерки од моментот кога Мешовитата комисија ќе донесе согласностг по определено прашања, рече тој и нагласи дека во својата суштина, протоколот има реципроцитет, кој се однесува и на историските прашања и на образовните, во смисла на учебниците.
Резултатите ќе се објавуваат во рок од шест месеци од страна на владите на двете земји од денот на усогласеноста меѓу комисиите.
Во 2023 и 2024 година ќе се чевствуваат заеднички договорени датуми и личности од историјата, но по одобрувањето од комисијата, нагласи Османи и рече дека досега има една препорака од тој тип.
„Мешовитата комисија е охрабрена за една година да го заврши средниот век, велам охрабрување, а не задолжување“ – нагласи Османи и потенцира дека Комисијата е охрабрена до членство во ЕУ да ја заврши својата работа, што значи нема рокови како што се шпекулираше.
Во точката која се однесува на ЕУ, двете држави се наведени. Бугарија се обврзува да ја поддржи Македонија, онака како што е предвидено со францускиот предлог, по влегување на Бугарите во Уставот.
Во однос на говорот на омраза, како што објасни, тоа се однесува на омаловажување на одредени лица или групи врз повеќе основи и караткеристики, а што води кон насилство, и тука има реципроцитет, рече Османи и додаде дека се однесува и на институции, книги, учебници, на разна продукција.
„Идејата е со државни пари двете држави да не финансираат филмови или каква било продукција, ако има говор на омраза. Владите ќе преземат ефикасни мерки во тој случај во смисла на алармирање на институции, а не на сопствени одлуки, а се однесува и за недобронамерна негативна пропаганда. Приватните субјекти само ги обесхрабруваме. Говорот на омраза е вграден во нашето законодавство и тоа е многу важно прашање во односите на двете земји”, нагласи Османи.
Во однос на квалификациите од типот „фашизам“, рече дека тоа е во доменот на оценките и препораките на Мешовитата комисија, а не на владите.
Во случаи на територијални претензии и аспирации ќе се реагира, еден таков пример имаме во учебникот од седмо одделение, рече Османи.
Воедно, тој порача дека освен што јазикот е чист, историските прашања не се одредница за водење на преговорите.
Османи на брифингот со новинарите посочи дека до крајот на денот Протоколот ќе биде доставен и во писмена форма.