„Украина ќе продолжи да враќа окупирани територии“

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски синоќа изјави дека неговата земја повторно зазела некои области окупирани од Русија и оти ќе продолжи да се бори за да врати територии.

„Веќе успеавме да ослободиме дел од територијата окупирана по 24 февруари. Постепено, ќе ги ослободиме и другите региони од нашата земја кои во моментов се окупирани, рече тој.

Украинските сили неодамна почнаа контраофанзива на југот на земјата и пред неколку дена гранатираа руско складиште за муниција во регионот Херсон.