Унгарија ја крева жилет-жицата за еден метар, доаѓа нов мигрантски бран
Поради новиот бран мигранти кои наводно преку балканската рута патуваат кон Унгарија, земјата ја зајакнува заштитата на своите граници, пренесува „ДПА“.
Владата на унгарскиот премиер Виктор Орбан планира да ја подигне за дополнителен еден метар жилет-жицата од 150 километри на југот на земјата, која беше изградена за време на бегалската криза во 2015 година.
Оттаму размислуваат за подигнување и нова гранична ограда во националниот парк Дунав – Драва на југот од земјата, долж српската и хрватската граница.
Унгарската Влада, исто така, планира да вработи вкупно 2.000 нови, вооружени стражари како дополнително засилување на војската и граничната полиција.