Во американската сојузна држава Монтана загинаа шест лица во тешка сообраќајна несреќа, јавуваат локалните медиуми.
Се судриле 21 возило, а полицијата соопшти дека причина е песочна бура.
„Дуваше силен ветер и предизвика песочна бура, а видливоста беше нула“ – изјави полицискиот наредник Џеј Нелсон.
Иако патролата на автопатот не го броела веднаш бројот на повредени, Нелсон рече дека мора да се повика дополнителна брза помош од градот Билингс.
A dust storm led to a massive pileup on a Montana interstate. https://t.co/BKUKBYLeJl pic.twitter.com/Fl00rGS9sf
— USA TODAY (@USATODAY) July 16, 2022