Во Хрватска 100 говеда угинаа од антракс
Во Хрватска денеска е потврдено присуство на антракс, црна тупаница или фекална болест од која веќе угинале повеќе од 100 говеда, а четири лица се во болница.
Лабораториска анализа на примероци од угинати животни направи Хрватскиот ветеринарен институт во Загреб.
Министерството за земјоделство соопшти дека кај говедата што угинаа во реонот на паркот на природата „Лоњско Поље“ е потврдено дека има антракс.
Се наведува дека на пасиштата Осеково угинале голем број животни, а на угинувањето им претходела појава на невролошки проблеми.
Според неофицијални информации, на загрепски „Вечерњи лист“, угинале 107 говеда, додека четири лица биле заразени.