Георгиева од ММФ бара итни мерки против инфлацијата

Директорката на Меѓународниот монетарен фонд – Кристалина Георгиева вели дека „глобалните каматни стапки ќе продолжат да растат до 2023 година и дури тогаш ќе почнат да се оладуваат вжештените цени“.

„Следната година ќе почне да функционира зголемувањето на каматите“ – смета Георгиева и цени дека инфлацијата во светот најверојатно ќе се скроти следната година кога ќе стапи на сила зголемувањето на каматните стапки.

Според неа, глобалните каматни стапки ќе продолжат да растат до 2023 година, а дури тогаш ќе почнат да се оладуваат жешките цени како одговор на активностите на централната банка.

„Ставете ја инфлацијата под контрола. Централните банки ги засилуваат мерките за контрола на инфлацијата и тоа е приоритет. Тие мора да продолжат додека не стане јасно дека инфлациските очекувања се цврсто вкотвени“ – изјави Георгиева за „CNBC“, пренесе „Танјуг“.

Таа додаде дека „сè уште гледаме дека инфлацијата расте, па мораме да ѝ дадеме студен туш“.

Георгиева изјави дека сите знаци укажуваат дека инфлацијата се уште не е под контрола и заклучи дека е најважно да се воспостави контрола над неа.