Шојгу наредил засилување на акциите во Украина

Од руското Министерство за одбрана соопштуваат дека за време на „инспекцијата“ на руските војници кои се борат во Украина, генерал Сергеј Шојгу „го посетил командното место Југ и Центар“.

Според пишувањата на РИА Новости, тој им наредил на војниците веднаш да ги засилат своите напади.

Шојгу изјавил дека започнува акцијата за „спречување масовни напади на вооружените сили на Украина врз цивили“.

На 24 февруари Русија ја започна својата инвазија на Украина со цел да ја „денализира и демилитаризира Украина“. Владимир Путин нејзината задача ја нарече „заштита на луѓето кои осум години се изложени на малтретирање и геноцид од режимот во Киев“.