ГЕРБ предложи 24. мај – Денот на Св. Кирил и Методиј да биде национален празник на Бугарија

Опозициската партија во Бугарија – ГЕРБ предложи 24. мај да биде национален празник и да се замени 3. март.

На пленарната седница, пратениците на ГЕРБ-СДС предложија националниот празник на Бугарија повеќе да не биде 3 март, туку 24 мај – денот на Светите браќа Кирил и Методиј, на бугарската азбука, образование и култура и на словенската литература.

Причината за промената е што на 3 март Бугарија требаше да изрази благодарност до Русија за ослободувањето од османлискиот јарем, што предизвикува поделба во бугарското општество.

Од ГЕРБ-СДС велат дека сметаат дека 3 март треба да остане празник, но не и национален.

Петар Канев од Бугарската социјалистичка партија на дебатата рече дека 24 мај е официјален празник на Русија.

Пратеникот од ГЕРБ-СДС, Петар Николов рече дека ова е празник и во Северна Македонија, но додаде дека доброто е што 24 мај обединува, а не раздвојува како 3 март.

Христо Иванов од „Демократска Бугарија“ ги обвини ГЕРБ-СДС дека го злоупотребиле проблемот со начинот на кој го доставиле предлогот во овој момент. Според него, на случајот со националниот празник на Бугарија требало да се пристапи систематски со создавање собраниска комисија, а не на овој елементарен начин.

Првото празнување на празникот на Светите браќа Кирил и Методиј во Бугарија било во Пловдив на 11 мај 1851 година по стар календар во организација на Најден Геров, а во новиот официјално се прославува на 24 мај и е неработен ден за училиштата и универзитетите во Бугарија.