Бојан Јовановски нема обврска да му плати отштета од 1,5 милиони евра на бизнисменот Орца Камчев, стои во пресудата на Основниот суд во Скопје.
Судот ја отфрли приватната тужба на бизнисменот Камчев против Јовановски, во која тој побара отштета од 1,5 милиони евра, поради случајот „Рекет“.
Тужбата е отфрлена во целост, а според мислењето на судот, тужителот нема статус на жртва во оваа постапка.
Судот смета дека Камчев постапил несовесно кога ги дал парите и знаел дека се работи за кривично дело.
„Тоа е причината за отфрлање на тужбата во целина“ – објаснува адвокатот Сашо Дуковски.
Камчев има право на жалба до Апелација.