Песков: Оставките на неколку европски премиери се внатрешно прашање, Москва нема никаква врска со нив

„Оставките на неколку европски премиери се внатрешно прашање на нивните земји и Москва нема никаква врска со нив“ – изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Тоа е внатрешна работа на секоја од споменатите земји. Ние нема да се мешаме во ова на никаков начин, немаме никаква врска со тоа. Тоа е сè што може да се каже“ – рече Песков, пренесува ТАСС.

Италијанскиот премиер Марио Драги вчера најави оставка, но претседателот на земјата Серџо Матарела не ја прифати, а британскиот премиер Борис Џонсон најави оставка минатата недела.