„Целата јавност вчера во македонското Собрание виде дека пратениците од антиевропската коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Левица се плашат од вистината. Покажуваат огромна нервоза во Собранието затоа што се разобличени сите нивни лаги, измислици“ рече на денешната прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
Таа рече „ги видоа заклучоците на пратениците од владејачкото мнозинство за последниот европски предлог и продолжување на европскиот пат. Сето она што лажно им го сервираа на граѓаните потона во вода“.
Таа додаде дека „имаме целосна заштита на јазичните, идентитетски, културни и историски посебности на македонскиот народ и спроведување на процесот на преговори со ЕУ. Ги слушнаа силните пораки од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Македонци, со чист македонски јазик во ЕУ, со заштитен македонски идентитет и почитуван од Унијата.
Според Кузеска оттука е нервозата на овие лажни ликови кои свесно ги лажат граѓаните, манипулираат, со единствена цел, да и наштетат на државата, да не продолжи европскиот пат.
На прес конференцијата пуштено беше видео, како Антонијо Милошоски беседи на гробот на Тодор Александров, на бугарски јазик, под бугарски знамиња.