Италијанскиот претседател Серџо Матарела не ја прифати понудената оставка на премиерот Марио Драги. Тој побара од Драги да се обрати во Парламентот за да ја процени актуелната политичка ситуација.
Италијанскиот премиер Марио Драги претходно најави дека вечерва ќе поднесе оставка до италијанскиот претседател Матарела, откако неговата партија од владејачката коалиција не учествуваше на гласањето за доверба на Владата.
– Условите веќе не се такви за да можам да продолжам да ги извршувам своите должности, истакна Драги.
Во соопштението од неговиот кабинет се наведува дека „веќе нема коалиција на национално единство што ја поддржуваше оваа влада“. Претходно денеска, италијанскиот кабинет доби доверба во Парламентот. Сепак, гласањето беше бојкотирано од Движењето „Пет ѕвезди“ – една од формациите на владејачката коалиција.