Приведени четири лица за време на протестот пред Собранието

Полицијата приведе четири лица кои фрлале со камења и тврди предмети кон собраниската зграда за време на денешниот протест пред Собранието против францускиот предлог.

Протестот почна точно напладне, а сега пред Собранието има помала група на граѓани, но видно е зголемено полициско обезбедување.

На протестот учесниците се појавија со транспарентите „Македонци уште се борат за своите правдини“, „Слободна ја сакаме, не сакаме протекторати“, „Стоп за бугаризација“, а дел од нив незадоволството го искажаа преку свирежи и фрлање со јајца, камења и тврди предмети кон Собранието.