Ивица Дачиќ – претседателот на Социјалистичката партија на Србија изјави дека очекува соработката со Српската напредна партија на Александар Вучиќ да продолжи и партијата што ја предводи да биде во новата влада.
„Со оглед на фактот дека СПС е силен и стабилен партнер, и сите добри резултати што заедно како Влада ги постигнавме во претходниот период, нема причина таа соработка да не продолжи. Очекувам СПС да биде во идната влада“ – изјави Дачиќ за српски „Курир“.
Претседател Вучиќ, како што најави, денеска ги започнува консултациите за нова влада со партиите кои го поминаа изборниот цензус во Собранието.