Во Полска се ископани 17,5 тони човечка пепел во близина на место каде што порано имало нацистички концентрационен логор, соопшти денеска полскиот Институт за национално сеќавање.
Остатоците се ископани во Илво Осада, во близина на местото на поранешниот концентрационен логор Гиалдово, на околу 150 километри северно од Варшава, кој бил изграден за време на нацистичката окупација на Полска во Втората светска војна.
Од инвазијата на Полска во септември 1939 година, логорот им служел на нацистите како место за транзит, затворање и истребување на политичките противници, особено на Евреите.
Некои го проценуваат бројот на убиени затвореници во тој логор на 30.000, но досега историските извори не можат со сигурност да го потврдат тоа.